Денешната тематска владина седница беше посветена на 20 годишнината од потпишувањето и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.
-Од земја на раб на војна, до земја со меѓуетничка и мултикултурна кохезија во која еднаквоста не само што ја прикажуваме, туку и ги креираме можностите за неа, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по седницата.
-Во претстојниот период ќе ги одбележиме и прославиме разликите кои никогаш повеќе нема да дозволиме да ја дестабилизираат земјата и да ја оттргнат од патот кон прогресот на кој непоколебливо чекориме, дециден е Николовски.