СДСМ е внатрешно консолидирана и повторно на победничките патеки, а преполните сали ширум републиката на трибините „Силно и одлучно кон иднината“ испраќаат силна порака за поддршката на граѓаните на државничките политики. Ова вечерва од Валандово го порача министерот Љупчо Николовски.

-Обезбедивме најголем Буџет во земјоделството за 2023 година, близу 9 милијарди денари, со кој ја започнуваме најголемата реформа во земјоделство преку која обезбедуваме полесен, и поефикасен начин за субвенционирање. Третата фаза од значајниот капитален проект Јужновардарска долина ја продолжуваме во следниот период. Со новиот модел за субвенционирање ги поттикнуваме и мотивираме малите производители на храна да вложуваат во сопствениот бизнис, да продаваат од праг, со финансиска поддршка од 10.000 евра, порача пред граѓаните Николовски.
Тој појасни и дека преку Отворен јавен повик преку целата година, земјоделците со сопствен бизнис план ќе може да аплицираат и да добијат грант од 10.000 евра.

-Република Северна Македонија е лидер во искористеност на ИПАРД програмата, обезбедени се 210 милиони денари за инвестирање и модернизација на земјоделството.Преку многубројни мерки и политики докажуваме дека со СДСМ граѓаните се на сигурната патека, силно и одлучно кон иднината! – дециден е Николовски.
