Со градоначалникот на општина Тераце имавме одлична конструктивна средба, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопансство, Љупчо Николовски.
„Наша цел е што поголема финансиска поддршка во општините, како и олеснет пристап до навремени информации за сите наши тековни проекти програми и мерки за земјоделците. Разговаравме за мерките од рурален развој кој ќе бидат распишани на почетокот на 2023 година, односно мерки за поддршка на проекти за изградба на улици, канализации, системи за наводнување, развој на руралните средини“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека во претходните три години поддржани се 204 проекти во износ од 40 милиони евра низ сите општини, така ќе продолжиме и во следните три.
„Градиме партнерски однос со општините, работиме во интерес на земјоделците, сите сили ги насочуваме кон зголемено и одржливо домашно производтсво“м истакна Николовски.