Николовски од Ресен: Со новиот модел нудиме решенија и одговори за сите досегашни проблеми со кои се соочувале земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски речиси секојдневно е на терен со својот тим, меѓу земјоделците.
Денеска отчетно и транспарентно го презентираа новиот модел за субвенционирање во Ресен.
-Денеска со ресенчани разговараме за сите мерки и програми кои ги превземаме за зголемување на домашното производство. Со новиот модел нудиме решенија и одговори за сите досегашни проблеми со кои се соочувале земјоделците. Ова е голема и значајна реформа, преку која го насочуваме домашното земјоделство кон оние култури кои се позначајнји за државата, и на долг рок гарантираме стабилна домашна обезбеденост со храна, но и увозна независност, порача Николвоски од терен.
-Со новиот дикаплинг систем земјоделците добиваат основна субвенција од 30% авансно, по површина за оддржување на земјиштето во обработлива состојба. Дополнителна поддршка од 70% добиваат оние земјоделци кои одгледуваат стратешки култури, во кои припаѓа и нашето македонско јаболко и истите ги предадат во домашни капацитети или земјоделски задруги, порача ресорниот министер.

-Воведуваме нова програма со која го помагаме откупот на земјоделските производи и обезбедуваме здрава ужинка за нашите деца. За оваа програма се предвидени 20 милиони денари и планирана е постапка за откуп на јаболка кои треба да се дистрибуираат до 350 училишта, опфаќајќи над 186.000 ученици.
-Во 2023 година за истата програма се предвидени двојно средства, односно 40 милиони денари. Земјоделците од Ресен дадоа поддршка за новиот предлог модел, заедно создаваме прифатлив, ефикасен и европски модел за субвенционирање, вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e