„Сега кога дознавме како претходно се трошеле пари од службени катници, како трошеле расипнички за лични потреби, денес ве уверувам дека тоа не е можно. Не може ниту денар да се украде. Затоа и сите одлуки што ги носиме се во правец на поголема транспарентност на институциите. Нема што да криеме, работиме за плата и сакаме чесно и одговорно да работиме, и сите да се држиме до етичките и морални норми. Ќе им дишеме во врат, и на секоја институција и на секој директор.“- изјави вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Како мерки против корупција, тој ги наведе новите законски решенија за именување на функционери, намалувањето на овластувањата, намалување на бројот на членови во управните и надзорните одбори.