Николовски од Пробиштип: Развојни општини, за развојна економија!

Приватниот сектор е двигател на нашата економија и секоја економска мерка е успешна кога се креира заеднички со бизнис заедницата, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски при денешната посета на Пробиштип.

„Денеска во Пробиштип, заедно со #Најдоброто за оваа општина, Драган Анастасов, имавме средба со претставници од дел од компаниите во овој регион, разговаравме за економските параметри, за нивните предлози за развој на стопанството и економијата.
Како одговорна партија #СДСМ во услови на здравствено – економска криза покажа вистинска грижа за граѓаните, за работниците, компаниите, за економијата, преку шест пакет економски мерки со кои се спасија работни места, се обезбедија плати, со бескаматни кредити се зачува ликвидноста на компаниите. Преку инвестиции во општините, вложуваме во економијата. Развојни општини, за развојна економија!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e