Енергијата во Малешевијата е позитивна, победничка, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Нема град во Истокот кој не се менува на подобро.
Се градат патишта, водоводи, канализации и мостови како никогаш досега.
На граѓаните на Пехчево им ветив: Ќе ги вратиме младите дома, во Истокот, а ќе извезуваме македонски производи.
Сите анкети и истражувања покажуваат дека на 15ти јули коалицијата МОЖЕМЕ убедливо ќе победи“, посочи Николовски.