Николовски од Градско: СДСМ ја носи државата напред, на 17-ти октомври да гласаме за развој, а не за блокади

Во недела граѓаните ќе гласаат за развојни општини, ќе го изберат #Најдоброто, за да продолжи напредокот во државата и во секоја општина, посочи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Денеска, со нашиот кандидат за градоначалник на Градско, Роберт Бешовски, разговаравме со жителите на оваа општина, за нивните потреби и за идните проекти:
✔️ Изградба на главен крак за атмосферска канализација на ул. „Александар Македонски“ во Градско.
✔️ Изградба на обиколница во Градско.
✔️ Реконструкција на ул. „8-ми Септември“ со изградба на атмосферска канализација.
✔️ Изградба на улица „Илинденска“ крак 1 и крак 2 и улица „Македонија“ во с. Виничани.
#СДСМ ја носи државата напред. На 17-ти октомври да гласаме за развој, а не за блокади. За градоначлници и совети во служба на граѓаните. Да го избереме #Најдоброто и за Градско, Роберт Бешовски!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e