(ФОТО+ВИДЕО) Николовски од Демир Капија: Влезот во ЕУ и НАТО ќе отвори пазар од 500 милиони потрошувачи

Влезот во НАТО и ЕУ значи повисоки откупни цени, сигурен пласман, зголемени европски субвенции, нови вработувања, поголем извоз и влез на пазар од 500 милиони потрошувачи, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој беше во Демир Капија.41632364_2253162131571980_830406440345665536_n

Николовски порача дека Македонија се наоѓа во еден од клучните моменти, пред одлуката што ќе значи евроатлантско интегрирање кое, пак, ќе овозможи подобра економија и подобри денови за земјоделството.

– Затоа, 30 септември е денот кога треба да излеземе и да гласаме за европска Македонија, апелира министерот.

Се осврна на досегашната државна поддршка, на новите мерки за лозарството, како и на дополнителната субвенција од еден денар за продаден килограм „смедеревка“ и „вранец“.

41540277_2253162114905315_9164512890202357760_n

– Оваа година преку Програмата за директна поддршка определивме и 20 отсто зголемени субвенции за сите што имаат еден до десет хектари лозов насад. Воведовме нови мерки и политики, меѓу кои најзначајната е дополнителна поддршка од 12.000 денари за промената на сортиментот на лозовиот насад, но оваа година е значајна и по тоа што нема никакви долгови од страна на винариите кон лозарите за откупеното грозје од ланската реколтата. Имаме и историски највисока цена од 13,67 денари за откупен килограм грозје, рече министерот.

41537184_2253162391571954_7817716935516225536_n

Според него, субвенциите беа исплатени кога им беа најпотребни на лозарите. Вкупно 745 милиони денари се испалтени во декември и јануари.

41522516_2253171678237692_4280810113129775104_n

Министерот Николовски ги посети пунктовите за откуп на грозје во селото Корешница, а попладнево заедно со заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се среќава со жителите на Демир Капија. Предвидени се и обраќања на двајцата министри на граѓанскиот собир на плоштадот во 19 часот.

41505254_2253175218237338_5880131513252577280_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e