Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска заедно со организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски и претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Бајдевски беа во посета на ОО СДСМ Бутел.
„Со претседателот на општинската организација, Велимир Смилевски и членовите разговаравме за активностите на СДСМ и избор на општинска изборна комисија.
Ажурирањето на членството има огромен раст и воедно бројката на ажурирани членови изнесува над 70 000“, истакна Николовски.
Николовски посочи дека радува и фактот што СДСМ добива и многу нови членови од сите возрасти, а акцентот кој може да се согледа е зачленувањето на младите.
„Со овој чин се докажува дека СДСМ чекори цврсто напред, дека државата и целото општество ги води на вистинскиот пат.
Патот кон квалитетна иднина, силна економија, образование, култура, спорт, евроинтеграции, одбрана, безбедност и правда за секого.
Со многу посветеност и работа СДСМ целосно се модернизира и европеизира, а на денот на пролетта ќе покажеме дека го имаме највисокиот чин на демократија со изборот на претседател од страна на секој член во партијата“, нагласи Николовски.

