Николовски: Од 2018 до 2020 година имаме 3292 предмети кои се застарени

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека најновото рангирање на Северна Македонија на Индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл се должи на тоа што со децении работите не се менувани.

„Од 2018 година до 2020 година во државава имаме застарени 3292 предмети – кривични, граѓански, прекршочни. Ја добивме токму оваа официјална статистика која што го потврдува извештајот на Транспаренси дека токму нашиот пат во овој период не е од други области туку е во делот на судството и во делот на владеењето на правото“, посочува Николовски.

Тој истакнува дека овие предмети застареле на начин на кој што сега ќе побараат официјално од судскиот совет детална анализа за тоа колку предмети, колкава штета имаат предизвикано, кој се е инволвиран и на кој начин е дојдено до ова застарување.

„Ние јавно кажуваме, ние сме на страната на граѓаните заради незадоволството што сите го имаме од спроведувањето на правдата. Законот мора да важи за сите, правдата мора да е достижна. Тоа е вредност, стандард и на таа работа сме посветени“, порачува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e