Николовски: Очекуваме брза разврска на случајот со увоз на нафтени деривати

-Институциите постапуваат по насоките! Очекуваме брза разврска на случајот со увоз на нафтени деривати. Сите надлежни институции во рамки на рокот доставија информации согласно задолженијата и надлежностите.
На денешната владина седница по направениот пресек, се донесе одлука дека се неопходни дополнителни информации, а за истите, институциите имаат рок од 7 дена, информираше вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по завршувањето на владината седница.
-Царинската управа е дополнително задолжена да го дополни извештајот со податоци за сите компании увозници на мазут и масло за ложење за периодот 2018-2021 година и да достави извештај за постапување по претставки за увоз и извештај со податоци за спроведени контроли на мазут во нивната лабораторија и во приватните лаборатории.
Мојот Кабинет заедно со Министерството за економија сме задолжени да подготвиме сублимат со досегашните и дополнителните информации и да го доставиме на следната владина седница. Заедничка цел е целосна слика за фактичката состојба, по која ќе донесеме соодветни заклучоци за понатамошно постапување, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e