Николовски: Обезбедување на оптимални услови за работа на Единицата за брзо распоредување

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска присуствуваше на дел од свеченоста по повод одбележување на дваесет годишнината на Единицата за брзо распоредување во касарната Ѓорче Петров.
„Како единица од исклучителна важност за безбедноста на земјата и сигурноста на граѓаните, Единицата за брзо за распоредување ја заслужува почитта и наклонетоста не само од граѓаните туку и од органите на државата.
Обезбедување на оптимални услови за работа како и дополнителна мотивација за достоинствено вршење на должноста на сегашните и идните припадници на оваа единица, се еден од нашите приоритети. Заложбата за функционална служба и безбедна околина е остварлива цел само со заеднички, здружени сили!“, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e