Николовски: Обезбедуваме консумација на квалитетни домашни македонски производи за учениците од основните и средните училишта и децата во градинките

Децата се наше најголемо богатство, грижата за нивното здравје е наш приоритет, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Наша цел е преку соодветни мерки да го подобриме квалитетот на исхраната на учениците од основните и средните училишта, децата во градинки, како и лица изложени на социјални ризици од сиромаштија, истакна Николовски.

Николовски соопшти дека со инвестиција од 20 милиони денари и поддршка од We Effect, за Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје, зеленчук млеко и млечни производи, обезбедуваме консумација на квалитетни домашни македонски производи за нашите најмили, како и обезбеден пласман за земјоделските производители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e