Николовски: Обезбедуваме грантови до 10.000 евра за малите винарии

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во интервју за МИА, вели дека даваат силна поддршка на винариите.
Ги ставаме на располагање сите капацитети и ресурси, и ги поттикнуваме сите што сакаат да се занимаваат со семејни бизниси, бутик винарии, порача тој.
Еве што е планирано во овој агро-сегмент:

-Програмата за малите винарии се прави прв пат и моментно е проектирана на пет милиони денари, но нашата цел е да имаме отворен повик и сите барања што ќе ги исполнуваат условите, да се бориме во текот на годината да ги поддржиме. Навистина сметам дека е потребна поддршка на сите регистрирани и винарии.

Грантовите од 10.000 евра се предвидени за сите што сакаат да инвестираат во опрема и капацитети, а опфаќаат и советодавна помош, односно ангажирање енолози, појаснува Николовски.

Инаку, од 1 јануари 2020 година во земјава се регистрирани 68 мали, микро, семејни винарии. Овој концепт беше многу оспоруван, а „големите“ сакаа да не се случи и го кочеле во изминатиот период. Но, ете, се случи. Всушност, од 1 јануари 2020 година имаме регистрирано поголем број производители на вино отколку во сите 30 години претходно. Тоа значи ставање на располагање на сите капацитети и ресурси, либерализацијат и поттик на сите што сакаат да се занимаваат со семејни бизниси, бутик винарии.

Би сакал да кажам и дека законот за вино ќе биде готов наредниот месец. Ова е проект што почна пред три години, а се работи за сосема нов, европски закон, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e