Николовски: ОАЕ ја ставија Северна Македонија меѓу приоритетните земји за идни инвестиции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со премиерот Ковачевски и уште неколкумина од владината делегација се во дводневна посета на Абу Даби каде ги презентираат можностите за инвестирање во нашата земја, меѓу кои и можностите за инвестиции во областа на агро бизнисот.
-ОАЕ ја ставија Северна Македонија меѓу приоритетните земји за идни инвестиции. Меѓународниот совет на инвеститори и инвестициските фондови во ОАЕ изразија голем интерес за инвестирање во преработувачката индустрија во делот на овошје и зеленчук, во greenhouses, во овчарство и кланичните капацитети. Им го презентиравме капиталниот проект за модернизација и изградба на откупните центри во Струмица, Ресен и големата агроплатформа во Скопје, а силен фокус ставивме за можни инвестиции во изградба на брани и системи за наводнување, порача денеска министерот Николовски.
Со два тима договоривме следни состаноци, и посета на нашата држава на кои ќе ги детализираме можните проекти и ќе ја зголемиме соработката, додава Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e