Носителот на ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, преку објава на својот Фејсбук профил, денеска реагираше на како што ги нарече безобразните лаги изречени за него од страна на неговиот опонент Игор Јанушев и истите изрично ги отфрли како одвратен производ на фејк-њуз фабриката на ВМРО.
“Во обид да си ги сокрие аферите од десетици милиони евра и “боксовите у фаца” на жени, главниот на фејк-њуз ВМРО, Игор Јанушев измислува безобразни лаги за мене.
Од еден стан во кој сум под кирија, ми измислија замислете – дека сум газда на три стана и фабрика за пелети! 😁
Бидејќи на фејк-њуз фабриката и е навистина тешко, по цели денови да смислуваат одвратни лаги, решив дa им помогнам!
Јанушев, повели едно видео за мене по твој терк. Користи го слободно 😉
А за сите вие останати – отворајте очи и уши!
Ниту сме исти, ниту сме слични! Поразличен човек од мене од Игор Јанушев не може да се најде на сиот свет!” – напиша Николовски.
ФБ статус на Љупчо Николовски