Николовски: Нема веќе чекање по шалтери, граѓаните ќе можат да ги извадат потребните документи од судовите за неколку минути

Нема веќе чекање по шалтери, граѓаните ќе можат да ги извадат потребните документи од судовите за неколку минути, нема повеќе недоставени пресуди и ќе се елиминираат изговорите за застареност за гонење.
Со оваа активност судот започна да ја применува регулативата на ЕУ, а ќе следи и опремување на стотици судници и воведување најсовремена информатичка технологија во сите 34 судови во земјата. Од денеска, по електронски пат ќе се вади потврда од казнена евиденција, а набрзо услугата за потврда за кривична евиденција ќе биде достапна и по електорнски пат. Новите услуги ќе бидат достапни на сајтот е-услуги односно https://uslugi.gov.mk/.
Дигитализацијата е еден од најголемите приоритети на мојот кабинет, како и дел од приоритетите на владата со „Акција 21“ и „Европа дома“. Со реализација на активностите предвидени со дигитализацијата, се создава и механизам за спречување на корупцијата, а ќе се подобри и начинот на кој граѓаните комуницираат со институциите.
ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e