-Владата континуирано вложува во подобрување на условите за живот во секоја општина, во секој сегмент што е важен за секојдневниот животот на граѓаните. Истовремено високо на нашите приоритети е и заштитата на природата, дециден е вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Шумите во нашата земја, па и во Малешевскиот регион, се подложни на пожари. Особено во текот на летото и затоа е важно да има навремено мониторирање, превенирање и постапување во случаи на критични настани. Не смееме да дозволиме познатиот Малешевски шумски венец да биде загрозен, ниту пак да биде загрозена безбедноста на граѓаните, порача Николовски вчера во Берово каде беше врачена донацијата од четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите и дрон .
