-Го поздравувам усвојувањето на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 со која се опфатени сите идентификувани мерки за спречување на корупцијата и судирот на интереси и им честитам на пратениците на Собранието на РСМ кои покажаа волја и дадоа целосна поддршка за реализација на овој процес, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Она што не го поздравувам и очекувам да се менува во иднина, е што ВМРО ДПМНЕ не гласаше за усвојувањето на најважниот национален антикорупциски стратешки документ. И не е добро што се противат на антикорупциската борба, тоа мора да го променат кај себе. Со овој однос, уште еднаш покажаа дека немаат слух за стратешките цели на државата и доброто на граѓаните и дека не можат и не сакаат да се соочат со промените во општеството, реформите и нашата решителност да ставиме крај на корупцијата и криминалот, дециден е Николовски
-Оваа четиригодишна стратегија ќе придонесе за намалување на нивото на корупција, подобрување на интегритетот, зголемување на политичката одговорност, транспарентноста и отчетноста, што ќе влијае за поголема доверба на граѓаните во работата на институциите, порача вицепремиерот.