Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска порача дека мерките од Планот за борба против корупција се исполнуваат според предвидените рокови. -Започнува со работа Националната комисија за мониторинг на спроведувањето на Националната Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година. Ова е и почеток на имплементацијата на Стратегија, за што на денешната работилница за финансиски истраги и враќање на одземен имот, номинираните членови ги утврдија активностите, информираше тој.
-Нашиот врвен приоритет е истрагите да завршуваат со одземање на незаконски стекнатиот имот и тоа го препознава меѓународната заедница. Водиме борба со високата корупција и организираниот криминал, во која нема заштитени и недопирливи, потсети вицепремиерот Николовски.
