На денешен ден пред 26 години нашата земја и САД воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
-Дваесет и шест години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД кои се симбол на сојузништво, на заедничките заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, порача денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Со нашето полноправно членство во НАТО, пријателството со САД доби нова димензија во зајакнувањето на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет на Република Северна Македонија и во целиот регион, вели Николовски.
