Особено сум горд на успесите што како држава ги постигнуваме. Оваа Влада покажа стабилност, трпеливост и умешност. Преку исполнување на стратешките цели, членство во НАТО, афтокефалноста на православната црква, и конечно почнување на преговорите со ЕУ докажавме дека имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации.
Преговорите за членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет и јазик, се само уште една потврда за посветеноста на оваа Влада. Со приклучувањето кон европското големо семејство се отвараат нови перспективи за државата и граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност. Наше е да покажеме и докажеме дека сме дел од Европската Унија, дека тука секогаш сме припаѓалe.
ФБ статус на Љупчо Николовски
