Најлесно е неодговорноста да се маскира со лажни вести, констатира генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на својот ФБ профил, по низата на пласирани лажни вести во јавноста од страна на опозиционите функционери, од почетокот на пандемијата во земјава.
“Игор Јанушев е последен пример за тоа од низа такви во неговата партија. До кога единствена алатка ќе им биде тактиката на пуштање фејк-информации и поделба на народот по секоја цена?
Еве го и одговорот за Игор…
Сите функционери на СДСМ кои имаат добиено решенија за самоизолација ги почитуваат мерките и задолженијата БЕСПРЕКОРНО. Што не е случај со неговиот шеф Мицкоски кој бесрамно ги крши протоколите и мерките.
Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ, срамота!
Александар Николовски е друг случај од многуте. Излажа, па беше демантиран од ООН. И пак не престанува да шири лажни вести и вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.
Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот, лажеа дека направени биле само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.
Зар трката е да се направи лагата што поголема?! Од 8 одбирате да кажете 140 илјади?! – пишува Николовски.
Потоа Мицкоски и Наќе Чулев лажеа и за случајот со теретаната. Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“ а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици“!!!
Лажни вести, деструкција, конструирани случаи, дезинформации и поделба и само поделба! Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните.
Но, како велеше вашиот лидер, “вистината е како шило”… За среќа, не е јавноста наивна. Вистината е многу јасно видлива и пред секој од нас 🇲🇰🇪🇺 “- заклучува Николовски.