Николовски: Најголем дел од мерките од Планот за борба против корупција веќе се имплементирани

После девет месеци од усвојувањето на Планот за борба против корупција, најголем дел од мерките веќе се имплементирани, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешниот брифинг со новинарите.

Николовски информираше за статусот на реализација на Планот и придобивките од мерките за превенција и сузбивање на корупцијата:
✅ Ставен е во функција систем за Е-инспектор со кој преку елиминирање на човечкиот фактор се намалува ризикот од корупција
✅ Започна со работа системот за поднесување на претставки за непостапување по предмети
✅ Се работи на измена на потребните закони за дигитализација на процесите
✅ Подготвена нацрт верзија на предлог Закон за потекло на имот
✅ Донесена Стратегија за зајакнување на капацитетите на институциите за водење финансиски истраги и конфискација на имот
✅ Се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија и јавни установи
✅ Со буџетот за 2022 се зајакнуваат капацитетите на јавните обвинителства, се ставаат во функција истражните центри
✅ Во функција е Одлуката за ограничување на угостителски услуги за работни состаноци на функционерите
✅ Во функција е Одлуката за ограничување на користење на службените возила
✅ Институциите назначуваат лица за внатрешно пријавување, објавуваат антикорупциски програми, интерни процедури за јавни набавки.
Досегашната реализација на мерките е дополнителен мотив да продолжиме уште похрабро во борбата против корупцијата со нови системски мерки, порача вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e