Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски истакна дека досега, над 67 000 членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата.
„Остануваат уште 4 дена од овој процес кој тече одлично ширум републиката.
Следува процес на издавање на новите дигитални членски книшки и реализирање на првите внатрепартиски избори, по највисоките демократски и организациски стандарди.
На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија!“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека СДСМ се менува, СДСМ се модернизира, СДСМ се демократизира.