-Начелата на јавност, транспарентност и мерит се нашиот императив од кон не отстапуваме и кој го промовираме со пример, порача денеска на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Свесни сме дека сме под будното око на граѓанската и експертската јавност и тоа за нас е дополнителен мотив за подобри резултати. Драго ми е што може да констатираме дека ризичните области се веќе детектирани, а горливите прашања – адресирани. – дециден е Николовски.