Со предложеното продолжување на рокот за легализација на земјоделски објекти до крајот на јули 2020-та година треба да се овозможи стотина од нив во иднина да бидат соодветно адаптирани за современо земјоделско производство преку модернизација и прилагодување на современите технологии.
-Со тоа земјоделците ќе може да влезат во инвестиции. Сето тоа ќе придонесе до поголема искористеност на европските фондови за поддршка во земјоделството бидејќи земјоделците ќе имаат можност да конкурираат за мерките од ИПАРД програмата што нудат кофинансирање на разни видови инвестиции и на тој начин да го модернизираат сопственото производство.- појаснува министерот за земојделство, шумарство и водостопанско Љупчо Николовски во интервју за МИА.
Со измените се овозможува на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти и изградба на објекти за спортско рекреативни активности.
Плановите на ресорното Министерство се и можност на земјоделското земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи односно угостителски објекти со површини во основа до 500 метри квадратни и максимална висина од осум метри во хоризонтален венец како и изградба на објекти за спортско рекративни активности.
-На овој начин ќе се зголемат инвестициите во ваков тип на објекти од страна земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам. Воедно, со измените драстично ќе се поедностави постапката и намали времето на добивање на одобрение за градење на ваков тип на објекти.- вели Николовски.