Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки рерсурси, Љупчо Николовски денеска на владина седница информираше за степенот на реализација на мерките и постапувањето на институциите по Планот За Борба Против Корупција.
– Преку предлог проектот ‘Национален електронски систем за доставување и следење поплаки и извештаи против корупција преку интернет’ граѓаните ќе можат да пријават проблеми во постапување за одредена услуга од страна на институциите, информираше Николовски.
– Министерството за економија го подготви Предлог – Законот за јавни претпријатија кој предвидува намалување на членови на Управни и Надзорни одбори, услови и критериуми за нивен избор.
– Формирана е работна група која работи на дигитализација на процесите со која институциите ќе прибавуваат информации за граѓаните од Централниот регистар на население и со тоа ќе се укине употребата на документи во хартиена форма (извод од матична книга на родени, венчани, државјанство или копија од лична карта, пасош).
– Сите институции се задолжени за подготовка на годишен антикорупциски план, интерни процедури за спроведување јавни набавки и овластување лице за заштитено внатрешно пријавување, сподели вицепремиерот.
-Обезбедуваме адекватни услови за работа на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Владата на денешната седница донесе одлука за доделување на трајно користење на деловен простор од 3.515 м2 на ова обвинителство со што ја зајакнуваме просторната опременост и непречено функционирање во вршењето на надлежностите. Патот за борба против корупцијата е трасиран и нема откажување. Ова е време на промени, на создавање на општество со институции кои дејствуваат исклучиво во служба на граѓаните. – дециден е Николовски.
