Земјоделството е сектор во којшто треба постојано да се делува и да се креираат мерки и политики, 20 отсто од нашиот БДП доаѓа од земјоделството, најголем дел од работоспособното население е во земјоделството и навистина е чест и одговорност особено сега кога повторно се нафаќате на оваа работа кога ги знаете и приликите и министерството и сектортите и поставеноста. Станува збор за едно од најкомплексните министерства со многу органи во состав со многу управи со многу различни тематики. Верувам дека ќе продолжиме сега со нови мерки и политики и развојни модели. И во рамки на овие две и пол години ќе имаме време токму да имплементираме и нови практики, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостувањето на ТВ СТАР.
– Ние ќе бидеме постојано на терен со земјоделците, ќе ги воочуваме проблемите, ќе нудиме решенија исто како и до сега. Но земјоделството треба да се остави надвор од политиката особено од партиските влијанија заради било чии интереси. Професионалноста и стручноста ќе биде наградена, ова не е време во коешто смееме да го политизираме земјоделството и секторот, нагласи Николовски.