Николовски на терен: Северна Македонија – лидер во искористеноста и придобивките од ИПАРД фондовите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска посети уште една успешна ИПАРД инвестиција, компанијата за преработка на свежа и разладена риба и складирање на овошје “Метро”.
-Со финансиска поддршка од ИПАРД програмата, компанијата го модернизирала производството преку набавка на специјализиран ладилник и современа опрема. Оваа компанија е позитивен пример дека мерките што ги преземавме за скратување на административните процедури, функционираат и во пракса, рече при посетата Николовски.
-Токму оваа компанија во 2018 година аплицира за мерката од ИПАРД програмата, и за само 3 месеци склучува договор со Платежната агенција, по што за 4 месеци е реализирана инвестицијата и поддршката во износ од близу пола милион евра, вели министерот кој порача дека земјоделците и агробизнисмените ги препознаваат бенефитите од ИПАРД програмата.
-Со вакви мерки Северна Македонија продолжува да биде лидер во искористеноста и придобивките од ИПАРД фондовите, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e