Николовски на средба со здравствените работници во Кр.Паланка: Се инвестира и уште повеќе ќе се инвестира во здравството

Носителот на Изборната листа во ИЕ3 од коалицијата “Можеме”, Љупчо Николовски, денеска во Крива Паланка оствари средба со дел од здравствените работници.

“Здравствените работници се нашите херои.

Нашето здравје го даваме во нивни раце и од нив бараме брз одговор, брзо решение, брз резултат.

Бараме да бидат семоќни. Целата тежина е врз нивните плеќи. Ја носат одговорноста што ја има нивната професија, хуманоста, емпатијата, сите судбини ги делат како свои.

А тие се луѓе како и сите нас. Луѓе со семејства, со секојдневни проблеми, со животни предизвици кои треба да ги совладуваат.

Е затоа е важна грижата за здравствените работници.

Затоа е важно да се цени нивниот труд, да им се обезбедт услови за работа, да им создаде шанса за усовршување.

Затоа за само три години обезбедивме зголемување на платите за здравствените работници до 40 проценти.

Затоа општите лекари во јавното здравство имаат плата од 40.100 денари, лекарите специјалисти до 71,000 денари.

Затоа медицинските сестри имаат плата до над 31 илјади денари.

Затоа нивните плати ќе продолжат да растат секоја година до 10 проценти.

Затоа вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега.

Затоа ќе обезбедиме 70 нови возила за итна медицинска и секоја година редовно ќе се обновува возниот парк.

Се грижиме за нив, затоа што тие се грижат за сите нас.

Во нив гледаме партнер и не ги делиме по партиска линија.

Денеска, на средбата со здравствените работници во Крива Паланка, им ја пренесов пораката дека се инвестира и уште повеќе ќе се инвестира во здравството. Инвестицијата во нив е инвестиција во сите граѓани.

Со #СДСМ и Коалицијата #Можеме обезбедуваме модерно и ефикасно здравство.

Затоа што #Можеме уште повеќе, #Можеме уште подобро.” – потенцира Николовски.

83617433_2749365648618290_3878586704121030062_n

107485995_2749365748618280_6353749628928623896_n

106991673_2749365698618285_5738416432455823838_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e