Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски денска оствари работен состанок со пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
-На работен состанок со пратеникот Павле Трајанов разговаравме за владиниот План за борба против корупцијата.
Предлозите, идеите за спроведување на планот се добредојдени од сите чинители во оштеството.Борбата е заедничка, на сите и само заедно може да покажеме јасни мерки во борбата против корупцијата. – посочи Николовски по средбата.