Николовски на средба со Тасева: Ќе изготвиме анализа на релевантните извештаи во областа на корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со претседателката на Transparency International Macedonia Слаѓана Тасева.

„Соработката помеѓу сите општествени чинители во борбата против корупцијата е клучна и неопходна.
На денешниот работен состанок со претседателката на Transparency International Macedonia Слаѓана Тасева детално го анализиравме последниот извештај на Транспаренси Интернешнл и индексот на утврдување на перцепцијата за корупција за минатата 2020 година.“ – посочи Николовски по средбата.

11
Вицепремиерот рече дека било разговарано за искуствата и најдобрите практики кои, како што рече, може да се имплементираат во борбата против корупцијата, слабостите кои ја кочат работата, како и унапредување на ефикасноста.
„Потврдивме понатамошни заеднички активности и најавивме изготвување анализа на релевантните извештаи со цел нотирање клучни области во кои е потребно да делуваме наредниот период. Останувам посветен на реформите во сите области, ништо нема да ме одврати од бескомпромисна борба против корупцијата. Имплементацијата на механизмите кои овозможуваат правично функционирање на системот продолжува.„ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e