Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари работен состанок со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.
Заедно со Царинската управа континуирано работиме на подигнување на свеста за пријавување корупција во оваа област преку најавениот call центар, истакна Николовски.
„Преку платформата за интероперабилност ги унапредуваме процесите на дигитализација и меѓуинституционална соработка. Кадровската екипираност со чесни и одговорни службеници останува наш приоритет и во иднина.
На денешниот работен состанок со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески го дискутиравме целокупниот систем на работење на оваа институција и ја потврдуваме нашата меѓусебна соработка како и заложбата за активно учество во процесите и важноста за реализирање на заедничките цели и приоритети“, нагласи Николовски.