Николовски на средба со сопартијците во Св. Николе: Ме радуваат новите членови на партијата

Генералниoт секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва е на средба со сопартијци од Општинската организација на СДСМ во Свети Николе.
1
„Гледам нова енергија и мотивираност. Затоа имаме успешна реализација на процесот за ажурирање и активна регистрација на членството, ширум републиката.“ – истакна Николовски на средбата.
2
„Ме радува тоа што паралелно на овој процес се приклучуваат и нови членови. Заедно ја подобруваме партијата за уште подобро да им служи на граѓаните. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува.  Тоа е СДСМ. Силна, организирана, отворена, посветена на граѓаните и напредокот на татковината! “ – дополнува Николовски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e