Николовски на средба со Рутен: Планот за борба против корупцијата е значаен чекор кон ЕУ интеграцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска имаше средба со холандскиот европратеник Теис Рутен.

„На денешниот работен состанок со холандскиот европратеник Теис Рутен, се потенцираа владините заложби за евроатлантските процеси на Северна Македонија како и констатираниот напредок во последниот извештај на Европската комисија.
Европратеникот Рутен позитивно го оцени носењето и имплементацијата на Планот за борба против корупција, како значаен чекор кон ЕУ интеграцијата“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e