Николовски на средба со Почивалсек: Словенија продолжува да биде наш силен поддржувач во евроинтегративните процеси

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија.
На маргините на форумот Николовски оствари средба со министерот за економија на Република Словенија, Здравко Почивалсек.
„Ги потврдивме заедничките заложби за продлабочување на економската соработка помеѓу нашите две пријателски земји. Имаме успешно ниво на билатерална соработка која ќе продолжи и во иднина. Република Словенија продолжува да биде наш силен поддржувач во евроинтегративните процеси.“ – информира вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e