Николовски на средба со Паун од ИРИ: Државата чекори сигурно кон ЕУ и НАТО, реформскиот процес ќе продолжи во интерес на граѓаните

Генералниот секрeтар на СДСМ, Љупчо Николовски и директорот на Центарот за анализи и истражување на СДСМ, Мартин Попов, денеска се сретнаа со Овен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија.7037-СДСМ (1)
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, спроведувањето на реформскиот процес, како и процесот на евроинтеграцијата на државата и нејзиното приближување кон НАТО и ЕУ.
Генералниот секретар Николовски истакна дека со спроведените реформи, напредокот на државата е очигледен, а најголем доказ за тоа е фактот што по години изолација и неизвесност, денес државата чекори сигурно кон интеграција во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО.
Но процесот на реформи, посочи Николовски, мора да продолжи во интерес на граѓаните и државата. Затоа е важно Собранието да го донесе Законот за јавно обвинителство кој е важен за фунцкионирањето на правната држава и правосудниот систем и значаен за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Николовски се заблагодари за досегашната поддршка на Меѓународниот републикански институт во делот на развој на Партиско истражувачките аналитички центри и партиските комисиии, при што заемно беше договорено соработката дополнително да се интензивира во повеќе области.
На средбата, Николовски го презентираше и новиот начин на работа на СДСМ кој е во интерес на граѓаните, го забрзува напредокот и креира мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e