Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски лично и се заблагодари на новоименуваната директорка на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Лејла Дервишагиќ за целокупната поддршка што ја даваат на институциите и граѓаните во Република Северна Македонија.
„Разговаравме за деталите од подготвената физбилити студија за Законот за потекло на имот, која содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, како и за работата на новоформираната работна група којашто ќе работи на новото законско решение“, истакна Николовски.
„Заедно со мерките од Планот за борба против корупција, дополнително со Законот за потекло на имот, воспоставуваме ефикасен и целосен механизам за успешно сузбивање на корупцијата и криминалот и за спречување на оштетување на државниот буџет“, посочи Николовски.
