Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од локалната самоуправа.
„Општина Крива Паланка е позитивен пример за транспарентност и исполнителност на задолженијата дадени согласно Планот за борба против корупција на Владата. Во денешниот разговор со градоначалникот Борјанчо Мицевски, зборувавме подетално околу задолженијата дадени на општината согласно Планот за борба против корупцијата“, рече Николовски по средбата.
Вицепремиерот вели дека Крива Паланка има подготвено годишна Антикорупциска програма и е единствена општина која има подготвено и Акциски план за спроведување во пракса на мерките од програмата.
„Моите сограѓани знаат дека е најважно да се почне од дома! Ја ставаме локалната самоуправа во целосна служба на граѓаните.“ – дециден е Николовски.