Николовски на средба со Маркез: Поддршка од ОН за Планот за борба против корпуцијата

Вицепремиерот за борба против криминал и корупција Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со Вирџиниа Абајо-Маркез, раководителка на проектната канцаларија на Обединети нации за дрога и криминал во Белград и Регионален советник за борба против корупција и поврат на имот за Западен Балкан.
Николовски посочи дека на состанокот го образложил Планот за борба против корпуцијата и областите кои се детектирани како приоритетни за реализација во периодот што следи.
„Г-ѓа Маркез го поздрави донесувањето на планот и разменивме мислења околу можностите за подршка во неговата реализација. Разговаравме за неколку меѓународни и регионални иницијативи како и проекти за борба против корупција и криминал кои се спроведуваат и подржуваат од страна на Канцаларијата на Обеднинетите Нации за дрога и криминал, а во кои Владата и мојот Кабинет земаат активно учество.“ – вели вицепремиерот.
Изработката на антикорупциски патоказ за нелегални финансии е дел од овие проекти којшто е веќе составен дел и од Берлинскиот процес, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e