Николовски на средба со Пављињек по повод саемот „АГРА 2018“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со Стефан Пављињек, почесниот конзул на Р.Македонија во Словенија по повод претстојниот интернационален саем за земјоделство и храна „АГРА 2018“ на кој Македонија и Словенија се ко-домаќини.
На средбата се разговарало за претстојниот саем на кој земјава ќе биде претставена со штандови за органско производство и ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во секторот, а исто така се дискутирало и за можноста да се претстави македонското вино.
Како што информираат надлежните, на средбата меѓу Николовски и Пављињек биле разгледани и можностите за унапредување на трговската соработка помеѓу двете земји.
„Размената на искуства со Словенија во делот на примената на современите IT технологии во земјоделството, систем на информации во рамки на платежните агенции и зајакнување на нивните капациетти, како и предизвиците кои ни претстојат за приближување на нашето земјоделство кон ЕУ стандардите, беа само дел од темите на кои разменивме мислења и предлози.“ – рече Николовски по средбата. 
 Традиционално „АГРА 2018“ се одржува во горна Словенија и е еден од најголемите саеми за земјоделство во Централна и Источна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e