Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари состанок со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
„Дејствуваме против корупцијата и криминалот на многу фронтови. Не чека уште многу работа, без отстапување. Транспарентноста е најважен сегмент во оваа битка. Колку поголема активна транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, толку посилна и поефективна борба против корупцијата“, посочи Николовски.
„Продолжуваме со презентација на #ПланотЗаБорбаПротивКорупција. Со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев ги потврдивме заедничките заложби и нашите цели. Градоначалникот Јанчев ги презентираше активностите што општината ги презема за спречување корупција и идните активности“, потенцираше вицепремиерот.
„Создаваме систем на отчетни институции, чесни функционери, систем во кој секој народен денар од буџетската каса ќе биде наменски потрошен за подобрување на условите на граѓаните и за комплетен напредок на државата“, дециден е Николовски.