Николовски на средба со градоначалникот на Карпош: Транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа се главен предуслов за демократски процеси

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев на која порача дека со процесот на имплементирање на Планот За Борбa Против Корупција е опфатена и локалната самоуправа.

nikolovski„При денешната посета на Општина Карпош, градоначалникот Богоев ме инфомираше дека тие веќе постапуваат по дел од задолженијата. Како дел од активностите, назначено е лице за поднесување пријави, објава на интерни процедури за јавни набавки и изготвување на антикорупциска програма“, информираше Николовски.
„Транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа се главен предуслов за демократски процеси во една заедница и нејзината одржливост. Само на тој начин ќе ги направиме достапни информациите за начинот на кој се распределуваат средствата на граѓаните“, посочи вицепремиерот.

3

„Ја намалуваме можноста за коруптивни дејствија во секој сегмент на општеството, ја зголемуваме довербата во локалната власт и ја поттикнуваме граѓанската вклученост во процесот“, заклучува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e