Благосостојбата на животните е нешто на што особено посветуваме внимание, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Во таа насока на иницијатива на најголемата светска организација за заштита на животните FOUR PAWS денеска остваривме средба со Јоана Данглер, директорка на одделот за диви животни, и Барбара Ван Џин, интернационален директор и експерт во “Wild animals rescue” се со цел преку нивното знаење, логистика, и искуство да ја унапредиме благосостојбата на животните во нашата држава“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека FourPaws имаат прифатилишта на повеќе локации низ светот, и овој период со нивна помош спасени се илјадници животни од војната во Украина.
„Со задоволство ги ислушав нивните предлози и идеи, и се надевам на одлична соработка во иднина преку заедничко делување со институциите за заштита на животните во нашата земја“, потенцираше Николовски.