Николовски на средба со бугарскиот амбасадор: Соработка и поддршка во спроведувањето на планот за борба против корупција

Вицепремиерот за борба против коруцпија и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.
„На работната средба го презентирав Планот за борба против корупција и приоритетите на Владата, како и нашите досегашни активности. Амбасадорот изрази подготвеност за продлабочување на соработката и поддршка во спроведувањето на планот за борба против корупција преку користење на бугарски искуства и помош во процесите на дигитализација, етичките кодекси за вработените во јавната администрација и државните функционери и искуства во делот на конфискација на нелегално стекнат имот.“ – рече Николовски по средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e