Министерот за земјоделтво, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов на која се зборуваше за организација на Бизнис форум со фирми од земјоделско-прехранбениот сектор и за потенцијални инвестиции на бугарски фирми во Република Северна Македонија, за што постои голем интерес.
Во рамки на проектот за поддршка на мали и средни претрпијатија што Бугарија го спроведува со поддршка на Јапонската меѓународна агенција за соработка JICA, беше понудена помош за поддршка на македонските мали и средни претпријатија во земјоделството.
-На денешниот работен состанок ја потврдивме одличната соработка меѓу стручните служби на министерствата од двете земји, во однос на поддршката во ЕУ интеграцискиот процес, финансиските инструменти, фитосанитарната и ветеринарна политика и во шумарството. Воедно, го информирав амбасадорот Ангелов за проектот што се спореведува во МЗШВ Заедничко уредување на пазарите финансиран од ИПА 2015. – информира Николовски.
