Унапредување и олеснување на трговската, фитосанитарната и ветеринарната соработка, обновување на меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска соработка, беа дел од точките за кои денеска разговараа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и амбасадорот на Русија, Олег Шчербаг.
-Руската федерација е еден од нашите стратешки трговски партнери, затоа ќе работиме на долгорочна стратегија со која ќе ги подобриме позициите на македонските земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, потенцира министерот Николовски.