Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска имаше состанок со заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје, Џенифер Р. Литлџон.
На денешниот состанок со заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје, Џенифер Р. Литлџон ги потврдивме заедничките ставови и заложби во борбата против корупцијата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Како клучна стратешка определба ја потенцирав нашата бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата преку конкретни активности.
Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и на денешниот состанок добивме поддршка и уверување дека во оваа борба не сме сами. Ќе добиеме поддршка за секоја идна мерка и политика, за создавање функционален систем ослободен од корупција“, посочи Николовски.